Connect with us

Де ла Фуенте: На Крос мислевме да му ги врземе нозете, ама УЕФА нема да ни дозволи

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, зборуваше пред утрешното четвртфинале на ЕВРО 2024 против домаќин Германија.

„Ќе биде изедначен натпревар, тоа може да биде финале. Шансите се 50-50, многу изедначено“, започна Де да Фуенте.

„Германија е одлична репрезентација. Имаат многу стабилен, избалансиран тим, имаат индивидуалци како Џамал ​​Мусијала и Флоријан Вирц. Тие се противници за финалето на Европско првенство или Светско првенство.“

„Крос е екстра класа и штета што сака да го напушти фудбал. Мислевме да му ги врземе нозете, но мислам дека УЕФА нема да ни дозволи“, се пошегува селекторот на Шпанија.

„Најдоброто нешто е да се браниме со подобар напад. Играме против противник со слична идеја како нашата. Поголеми шанси да го добие натпреварот ќе има оној кој ќе направи помалку грешки“, истакна Луис де ла Фуенте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови