Репрезентативецот на Англија, Џуд Белингам, нема да помине неказнет поради несоодветната прослава на голот во победата над Словачка.
И покрај шпекулациите дека би можел да биде суспендиран за натпреварот со Швајцарија, УЕФА реши да го казни само парично играчот од средниот ред на Реал Мадрид.
Висината на казната сè уште не е откриена, но најважното е дека овој случај е завршен и дека Белингам ќе има право да игра против Швајцарија.
Џуд Белингам има постигнато два гола на турнирот, исто како и Хари Кејн, и тие двајца се всушност единствените стрелци за англискиот тим во Германија.
Натпреварот Англија – Швајцарија е закажан за в сабота од 18 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













