Бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета би можел да го напушти Вест Хем, но и Европа.
ФА на Англија го обвини Пакета за учество во нелегално обложување и против него се води постапка, па не е невозможно да добие неколкумесечна забрана за играње во Англија.
Изгледа дека токму поради тоа Лукас Пакета размислува за враќање во матичниот Фламенго.
Тој во 2019 година замина од својот клуб во Милан, каде не се снајде, па преку Лион стигна до Лондон, односно во Вест Хем.
Интересно е што медиумите претходно го преселија Пакета во Манчестер Сити, бидејќи беше голема желба на Пеп Гвардиола, но потоа протекоа сомнителни работи и обвиненија за нелегално обложување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













