Европскиот клупски шампион Реал Мадрид ќе има најмногу играчи на претстојните четвртфинални натпревари од ЕВРО 2024. Тие се десет на број, исто колку што ќе има и францускиот гигант Пари Сен Жермен.
Веднаш зад нив со деветмина претставници се Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити.
Во меѓувреме, Премиер – лигата ќе биде најшироко претставеното првенство во оваа фаза од турнирот на Стариот континент. Вкупно 55 фудбалери од клубови од Островот ќе настапуваат во битките меѓу последните осум селекции.
Клубови со најмногу играчи во четвртфиналето на ЕВРО 2024
10: Реал Мадрид и ПСЖ
9: Барселона, Баерн и Манчестер Сити
7: Борусија Дортмунд и Ливерпул
Лиги со најмногу играчи во четвртфиналето на ЕВРО 2024
55: Премиер лига
39: Бундеслига
34: Ла Лига
31: Серија А
20: Лига 1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













