
Осминафиналната фаза на Европското првенство е завршена, а четвртфиналните натпревари ќе се играат в петок и сабота од 18 и 21 часот. Двојките се Шпанија – Германија, Португалија – Франција, Холандија – Турција и Англија – Швајцарија.
Според букмејкерите, фаворит за освојување на титулата и понатаму е Англија, со коефициент 4.50.
Англија не импресионираше во досегашниот дел од турнирот и селекторот Гарет Саутгејт и фудбалерите добија негативни критики. На патот до најдобрите осум, Англија ја победи Србија (1-0), играше нерешено со Данска (1-1) и со Словенија (0-0) и по продолженијата, спасувајќи се од елиминација на крајот на регуларниот дел, ја елиминираше Словачка (2-1).
Шпанија е втора според кладилниците со коефициент 5.00, при што многу стручњаци се согласуваат дека досега игра најдобар фудбал на ЕВРО 2024. Во групната фаза ја победи Хрватска (3-0), Италија (1-0) и Албанија (1-0), а во осминафиналето ја прегази Грузија (4-1).
Поредокот за освојување на европската титула според букмејкерите
- Англија – 4.50
- Шпанија – 5.00
- Франција – 5.50
- Германија – 5.50
- Холандија – 8.00
- Португалија – 10.00
- Швајцарија – 15.00
- Турција – 35.00

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
