Капитенот и најдобар играч на Швајцарија, Гранит Џака, не тренираше со останатите соиграчи пред четвртфиналниот дуел со Англија на ЕВРО 2024 година.
Швајцарците стигнаа до оваа фаза откако во осминафиналето ја совладаа Италија со 2-0 и сега сонуваат да ги победат „трите лава“ и да се пласираат меѓу најдобрите четири.
Сепак, играчот од средниот ред на Баер Леверкузен тренира со многу помал интензитет од соиграчите, бидејќи има проблем со адукторот.
„Пред мечот со Италија чувствував болка. Не сакав да го пропуштам овој меч, па ми дадоа инјекција. По мечот повторно ја почувствував оваа болка и сега тренирам со помал интензитет“, изјави Џака.
„Сепак, не треба да се грижите за тоа. Ако треба, ќе играм и со една нога“, изјави играчот за врска.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski