
Шпанскиот напаѓач Хоселу се закани дека претстојната четвртфинална пресметка со Германија на ЕВРО 2024 ќе биде последен натпревар во извонредната кариера на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Тони Крос.
Како што е познато, играчот од средниот ред ќе се повлече од фудбалот по завршувањето на Европското првенство на кое неговата земја е домаќин.
Освен што зборуваше со епитети за искусниот играч за врска, Шпанецот го пофали и својот репрезентативен колега Родри.
„Родри и Тони се двајца фантастични фудбалери на нивните позиции. Играв со Тони во Реал Мадрид и со Родри во репрезентацијата. Тие имаат тежина во соблекувалната. Штета е што мора вака да се збогуваме со Тони, но да се надеваме дека ќе победиме во петок. Знаеме сѐ за неговата форма и за неговите квалитети. Тој е клучен за Германија, но не можеме да се фокусираме само на него. Сепак, топката поминува низ неговите нозе по неколку пати секогаш кога е во посед на Германија. Мораме да внимаваме на него за Германците да не ја искористат неговата игра“, изјави Хоселу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
