
Сагата со португалскиот репрезентативец Жоао Палиња е при крај. Баерн Минхен постигна договор со Фулам за трансферот на 28-годишниот играч од средниот ред.
Меѓу двата клуба останува само да се прецизираат неколку мали детали пред дефанзивниот играч од средниот ред да ги помине медицинските прегледи и да потпише со баварците.
Жоао Палиња беше пред трансфер на „Алијанц Арена“ минатото лето, но договорот пропадна во последен момент. Минатиот месец двата клуба ги обновија преговорите, при што Англичаните одбија неколку понуди од Баерн. На крајот, германскиот гигант ќе плати околу 46 милиони евра за Португалецот.
Фудбалерот веќе ги договори своите лични услови, а неговата единствена желба беше да се пресели во Баерн.
Досега, Баерн го доведе дефанзивецот Хироки Ито од Штутгарт и постигна договор со Кристал Палас за Мајкл Олис. Германскиот гигант води завршни преговори со Баер Леверкузен за Џонатан Тах и сака да се засили со Чави Симонс од ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Килијан Мбапе пренесен во болница!

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
