Јирген Клоп, поранешниот менаџер на Ливерпул, смета дека Шпанија е најверојатниот победник на ЕВРО 2024. Интересно е што во четвртфиналето „црвената фурија“ ќе се соочи токму со Германија. Сепак, Клоп не ги потценува шансите на Германија, како и на Франција и Англија.
„Моментно изгледа дека Шпанија може да го освои ЕВРО 2024. Но, Германија има добар тим, исто како и Франција, а Англија сигурно ќе почне да игра подобро“, изјави Клоп за „ЕСПН“.
Досега Шпанија е единствениот тим кој ги има добиено сите свои натпревари во Германија. Тимот на Луис де ла Фуенте веќе е најголемиот фаворит кај обложувалниците за титулата, истиснувајќи ја Англија од таа улога, и покрај тоа што „трите лава“ се во полесната половина од шемата на турнирот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













