
Уште еден ден на ЕП не можеше да помине без политички пораки. Сега во центарот на скандалот е турскиот репрезентативец Мерих Демирал, стрелец на два гола против Австрија за пласман во четвртфиналето.
Демирал прослави со формирање на т.н „волчји поздрав“, т.е. создаден симбол на „Сивите волци“. Тоа движење има десничарска екстремистичка идеологија и е надгледувано од Федералната канцеларија за заштита на уставот во Германија, а некои земји би сакале да го прогласат за терористички.
„Сивите волци“ веруваат во супериорноста на „турската раса“ и се стремат кон обединување на сите турски народи во една држава, проширена од Балканот преку Централна Азија до Кина во „таа империја“ каде што нема место за неистомисленици.
„Начинот на кој славев има врска со мојот турски идентитет, затоа и го направив овој гест. Видов луѓе на стадионот со истиот гест. Нема скриена порака“, изјави Демирал.
Стоперот најави дека ќе го повтори тоа доколку постигне гол и на следниот натпревар.
„Сите сме Турци, јас сум многу горд што сум Турчин. Тоа е поентата на сето тоа. Сакав само да покажам колку сум среќен, се надевам дека ќе има повеќе можности повторно да го покажам овој гест“, дополни Демирал.
Сепак, многумина сега се прашуваат дали го чека суспензија за четвртфиналето против Холандија. Тој натпревар е закажан за в сабота во Берлин. УЕФА ќе има доволно време УЕФА да реагира. Се разбира, доколку утврди дека Демирал ги прекршил правилата за истакнување политички пораки.
Од друга страна, можна е реакција и од државните служби на Германија, па се оди дури и дотаму Демирал да биде депортиран од Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Килијан Мбапе пренесен во болница!

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
