
Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк, не ја криеше радоста поради убедливата победа од 3-0 над Романија и пласманот на „лалињата“ во четвртфиналето на ЕВРО 2024, каде ќе играат против Турција.
„Се чувствувам горд! Среќен сум затоа што одигравме добар натпревар. Во одбраната бевме солидни и се вложивме максимално. Можеби требаше да постигнеме повеќе голови. Но, по една многу бурна недела во која се изговорија многу работи, денес требаше да покажеме што можеме. Секако, секогаш има работи кои можат да се подобрат. Но, можеме да бидеме горди на себе и на начинот на кој реагиравме“, коментира Ван Дајк.
„Верувам целосно во тимот. Тренинзите и натпреварите се различна категорија. Во натпреварите навистина не знаеш што да очекуваш. Ние сме самокритични. Сите знаевме дека треба да биде подобро. Секој треба да преземе одговорност за тоа“, рече тој во врска со првите натпревари од турнирот во кои Холандија не го покажа најдоброто од себе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
