Connect with us

Пикси донесе одлука, нема да поднесе оставка од кормилото на Србија

Репрезентацијата на Србија го заврши своето учество на Европското првенство во Германија по првата фаза, завршувајќи на последното, четврто место во групата Ц. Англија ја освои групата, пред Данска и Словенија, кои продолжија во нокаут-фазата, додека Србија освои само два бода од три натпревари. Многумина се прашуваа каква ќе биде судбината на селекторот Драган Пикси Стојковиќ, а тој ја донесе својата одлука.

Неговата одлука е да остане на клупата, што српските медиуми ја опишуваат како шокантна. Објаснувајќи ја својата одлука, тој смета дека со составот што го имаше направил максимум и дека Србија не се посрамила со двата освоени бода и еден постигнат гол во 270 одиграни минути.

Со неговата оценка не се согласува српската јавност, па така некои медиуми пишуваат дека, без оглед на важечкиот договор и парите за отштета, околу еден милион евра, се очекувало тој да биде сменет веднаш по испаѓањето од ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови