Connect with us

Стојковски: Почнуваме од нула…Костов: Пелистер да биде стабилен прволигаш

Македонскиот прволигаш Пелистер го означи стартот на подготовките за новата сезона во Првата македонска лига.


На првата прозивка на стадионот „Петар Милошевски“, претседателот на клубот, Митко Стојковски во име на целото раководство им посака успех и среќа на фудбалерите, а моментот го искористи да се обрати кон сите околу тоа каде стои Пелистер и каде треба да се стреми клубот во колективен аспект.

„Треба да се прилагодиме согласно на новиот предизвик кој е пред нас, и да го стабилизираме и адаптираме клубот според новите прволигашки услови. Организациски и финансисиски да се стабилизираме и подигнеме на повисоко ниво и да се држиме и фокусираме кон зацртаните цели. Најважно од сѐ, да бидеме приземни, иако ФК Пелистер е големо име во македонскиот фудбал, знаеме колку ни е силата, со што располагаме, колку ни се можностите и кои ни се конкурентите. Започнуваме од нула и со еден нов почеток во кој ќе имаме уште неколку нови засилувања, и почеток во кој ќе се потрудиме сите колективно да направиме добри резултати со кои клубот ќе биде на коректна и респектабилна позиција на табелата, а доколку ни се укаже прилика за поголеми амбиции секако дека тоа ќе биде искористено и реализирано”, изјави Митко Стојковски.

Влатко Костов успеа да го врати Пелистер во елитата, а сега има нов предизвик, тимот да биде пласиран што е можно поблиску до врвот.

„Со некои од играчите не се договоривме, некои не ги прифатија условите на Пелистер, па се разделивме. На стартот на подготовките веќе имаме три нови играчи, кои се надевам дека ќе бидат надоградени со четири до пет играчи, со кои сакаме да направиме ростер што рамноправно ќе се носи со прволигашките. Што се однесува до подготовките, од среда ќе почнеме да работиме по двапати, а понатаму ќе следат пријателски натпревари, од 14 јули до 3 август против Новаци, Силекс, Гостивар, Воска, Работнички и Влазрими. Се надевам дека Пелистер ќе биде еден стабилен прволигаш и ако ни се даде шанса ќе бараме повеќе. Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам до сите кои учествуваа лани до местото кое водеше во Прва лига, благодарение и до раководството за се што прави за клубот. Сите заедно се надеваме на еден респектабилен тим кои со сите ќе се носи рамноправно“, изјави Влатко Костов.

Играчката легенда Борче Маневски ја заврши кариерата и веднаш е приклучен во стручниот штаб на Влатко Костов како еден од асистентите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови