Репрезентацијата на Португалија се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во Германија откако во осминафиналниот натпревар во Франкфурт ја победи Словенија со 3-0 по подобро изведување на пенали. Во регуларните 90 минути, како и во продолженијата, немаше голови.
Јунак на натпреварот беше португалскиот голман Диого Коста, кој при пенал серијата ги одбрани сите три пенали на Словенија, кои ги шутираа Јосип Иличиќ, Јуре Балковец и Бењамин Вербиќ.
Од другата страна, сигурни беа Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва.
„Кога губиш по изведување пенали против репрезентација како Португалија, останува некое разочарување. Поразите не се слават. Ова беше вистински натпревар со несреќен крај. Горд сум што ги водам овие момци со карактер. Околу мене е тим кој веќе доби задоволство со тоа што фудбалот во Словенија повторно е дома“, изјави Матјаж Кек.
„Кога ќе го видиш сето тоа, уште потешко е. За жал, не заврши како што сакавме. Нашите навивачи беа неверојатни, затоа уште повеќе ми е тешко што не успеавме. Ни недостасуваше и малку среќа“, истакна селекторот на Словенија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













