Connect with us

Нов антирекорд на Роналдо, единствен е кој промашил пенали на две европски првенства

Кристијано Роналдо направи антирекорд на ЕВРО 2024, откако промаши пенал во продолженијата против Словенија. Јан Облак, голманот на Словенците, успеа да го одбрани ударот на Роналдо.


Со ова промашување, Роналдо стана единствениот фудбалер кој не успеал да реализира пенал на два различни европски првенства, откако исто така не постигна гол против Австрија на ЕВРО 2016.

На Евро 2024, Роналдо има вкупно 19 удари, повеќе од било кој друг фудбалер на турнирот, но сè уште нема постигнато гол.

Неговата статистика за слободни удари на големи турнири исто така е интересна. Од вкупно 60 обиди, само еден завршил со гол – против Шпанија на Светското првенство 2018.

На европските првенства, Роналдо има изведено 34 слободни удари, а втор по овој показател е Зинедин Зидан со 15 обиди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови