Словенија има квалитетен тим кој игра добар и организиран фудбал, изјави португалскиот селектор Роберто Мартинез пред осминафиналниот дуел на Европското првенство во Германија.
Предводникот на Португалците се одлучи за ротација во последниот натпревар во групата, што ги остави стартерите посвежи за елиминациите.
„Денешниот натпревар е тотално различен. На живот и смрт. Ги познаваме многу добро Словенија и тие покажаа одлична тимска игра на Европското првенство. Самите нивни играчи веруваат дека се способни да победуваат“, изјави тој.
„Натпреварите се решаваат poradi мали детали и тоа важи и за Словенија. Тие играат многу организиран фудбал и никогаш не се предаваат. Веруваат во тоа што го прават на теренот, така што ние треба да го покажеме најдоброто што можеме“, дополни Мартинез.
Словенија ја победи Португалија со 2-0 на пријателски натпревар во март и Мартинез има добро мислење за селекторот Матјаж Кек.
„Овој натпревар не е контрола и е историски за Словенците. За првпат се квалификуваат за осминафинале на Европско првенство и за тоа треба да го поздравиме нивниот селектор. Тие играат многу организирано, силно во одбраната и си помагаат меѓусебно. Словенците се одлични и во играта без топка“, продолжи тој.
„Нивниот тим сака да игра на противнапади и против Англија дури и не примија гол. Србија им даде гол од корнер. Тие ретко примаат голови од отворена игра. Навистина се впечатливи на Европското првенство и е жално што треба да играме против нив. Јас лично многу ги сакам“, заврши селекторот на Португалија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski