Репрезентацијата на Словенија го започнува своето прво учество во елиминациите на Европското првенство со многу гордост од постигнатото, но и без страв од противникот. Тимот вечерва (21 часот) се соочува со еден од фаворитите, селекцијата на Португалија.
Селекторот Матјаж Кек изјави дека е оптимист и дека нема страв од овој противник.
„Кога ќе погледнете каде играат нивните фудбалери, веднаш може да ве заболи главата. Тие можат да се менуваат и да го менуваат составот колку сакаат. Но, тоа нема да го промени нашиот пристап. Гледам на Португалија како еден од фаворитите за освојување на турнирот, но Словенија не беше фаворит во ниту еден од трите натпревари во групата, не сме фаворити ниту сега,“ истакна селекторот на Словенците, Матјаж Кек.
Новинарите го прашаа како би ги коментирал комплиментите што Роберто Мартинез ги упати претходно кон неговиот тим.
„Факт е дека веројатно ги заслуживме симпатиите. Селекторот на Португалија е познат како голем џентлeмен. Но, јасно е дека кога станува збор за натпревар за пласман, на прес-конференцијата може да има комплименти, но, кога ќе ја минеш линијата на теренот, тогаш почнува реалноста. Знаеме против кого играме. Не знаете од каде да почнете да ги набројувате играчите,“ рече Кек.
„Да ви кажам, не се плашиме од нив. Дури се радуваме што можеме да играме против овој противник, против вакви фудбалери. Ќе биде тежок натпревар, но ние сме горди што можеме да го одиграме,“ објасни словенечкиот стратег.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski