Килијан Мбапе го скрши носот во воведниот натпревар на француската репрезентација на Европското првенство во победата против Австрија (1-0) и остатокот од турнирот во Германија ќе го игра со заштитна маска на лицето. Тоа му предизвикува големи проблеми.
Откако го пропушти натпреварот од второто коло на групната фаза против Холандија, Мбапе против Полска одигра цели 90 минути. Новиот предизвик за него ќе биде белгиската одбрана, но и како да се справи со заштитата што мора да ја носи на лицето.
Веќе промени четири маски во надеж дека ќе ја најде вистинската. На тренинг носеше маска со боите на француското знаме, што е спротивно на член 42 од правилникот на ФИФА според кој секоја заштита мора да биде еднобојна, па се обиде со три други кои ги исполнуваат правилата.
„Апсолутен хорор“, одговори Мбапе на прашањето како е да се игра со маска.
„Ги менувам затоа што ниту една не ми одговара. Ми го стеснува видното поле и го задржува потењето. Се чувствувам како да го гледам Европското првенство во 3Д технологија како некој свечен гостин“, додаде тој.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski