Фудбалерот на Англија, Џуд Белингам, би можел да биде суспендиран на еден натпревар и да не игра во четвртфиналето поради вулгарниот гест во текот на натпреварот против Словачка на Европското првенство, јавуваат медиумите на Островот.
Англиската репрезентација во четвртфиналето ќе се сретне против Швајцарија в сабота.
Белингем е под закана од суспензија е гестикулацијата со раката кон меѓуножјето, насочена кон клупата на противничкиот тим. Тој подоцна се обиде сето ова да го објасни како интерна шега со блиски пријатели кои биле на натпреварот и рече дека кон Словачка чувствува само почит, но, сепак, Белингам, е под истрага на УЕФА и би можел да добие суспензија од еден натпревар.
Тој ја спаси Англија од елиминација со гол со ножички во 95.минута, откако Иван Шранц ја доведе Словачка во водство во 25. минута.
Словаците беа на прагот на најголемата победа во историјата и пласман во четвртфиналето, но Белингам ја спаси Англија, а потоа Хари Кејн погоди на почетокот на продолженијата за комплетен пресврт.
💥 Jude Bellingham’ın attığı golden sonra Slovakya kulübesine yaptığı hareket! pic.twitter.com/PQyk1P3rSp
— 343 Digital (@343_digital) June 30, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













