Селекторот Дидие Дешамп ги повика фудбалерите на Франција да бидат поефикасни пред голот на противникот, бидејќи нема да има „втора шанса“ додека се подготвуваат за нокаут фазата на ЕВРО 2024.
Франција беше еден од фаворитите пред турнирот, но досега не се претставува убедливо, откако заврши како изненадувачки второпласирана, зад Австрија, во групата „Д“. Откако успеаја да го победат тимот на Ралф Рангник благодарение на автогол во првиот натпревар, „петлите“ забележаа нерешени резултати со Холандија и со Полска.
Иако ги признава слабите резултати во групната фаза, Дешамп е уверен дека ќе има големо подобрување против Белгија во осминафиналето.
„Правам сè што е во моја моќ за да го изведам тимот во следниот круг. Сега сме во нова фаза на натпреварувањето – елиминации. Веќе нема втора шанса. Играчите се концентрирани. Минатото е минато, сега е зад нас. Знаеме точно зошто сме тука и тие знаат која е целта“, изјави Дешамп.
„Тимовите кои се класирале дотука се подобри од оние што си заминале. Сè се сведува на тоа да имаш шанса пред голот. Ако сакаш да победиш, мора да постигнеш гол, а ние тоа не го правиме. Но, тоа се случува и на најдобрите тимови, на најдобрите стрелци“, додаде тој.
Франција го напушти ЕВРО 2020 во оваа фаза, откако загуби од Швајцарија на пенали, при што пропуштија предност од два гола во второто полувреме.
Дешамп се стреми да избегне повторно вакво сценарио и ги увери навивачите дека се подготвуваат сериозно за натпреварот, дури и за пенали.
„Мора да се подготвиме и за изведување на пенали. Имаме информации за нашите противници и исто така знаеме кои се нашите играчи. Но, ако го погледнете нашиот последен натпревар на пенали, има седум промени на играчите кои требаше да ги изведуваат, и оние кои можеа. Не секогаш се исти луѓе, но мојата цел е да се осигурам дека нема да дојде до пенали“, додаде Дешамп.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski