
Аутсајдерот Грузија му даде сериозен отпор на големиот фаворит Шпанија и испадна достојно при своето прво учество на големо првенство. Грузијците водеа долго време по автоголот на Робин Ле Норман, но не успеаја да го издржат шпанскиот притисок и загубија со 4-1 во осминафиналето на ЕВРО 2024.
Капитенот на Грузија, Гурам Кашија, изјави дека е горд на претставувањето на тимот.
„Тоа беше неверојатна авантура за нас. Ние сме исклучително горди на она што го постигнавме. Не го постигнавме резултатот што го посакувавме, но на крајот сме многу задоволни од начинот на кој ја претставивме нашата земја на нашиот прв голем турнир“, изјави Кашија.
„Следната генерација доаѓа, треба да продолжиме да се подобруваме. Тимот се претвори во семејство и ќе си недостасуваме еден на друг сега кога си заминуваме. Но, ние ќе се вратиме посилни и ќе донесеме повеќе успеси за нашата земја“, дополни грузискиот репрезентативец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
