Connect with us

Саутгејт: Резервните фудбалери ни дадоа посебен дух во решавачките моменти

Менаџерот на Англија, Герет Саутгејт, беше многу задоволен од тешката победа на својот тим над Словачка со 2-1 по продолженија во осминафиналето на ЕВРО 2024. Тој го истакна придонесот на играчите кои влегоа од клупата и придонесоа за тешката победа на гордиот Албион.


Имено, резервистот Ајван Тони ја даде асистенцијата за победничкиот гол на Хари Кејн на почетокот на првото продолжение.

„Во текот на целиот турнир, играчите кои влегуваат од клупата имаат големо влијание. Тие тренираат добро, како и сите момчиња, покажуваат добро ниво и играат важна улога во постигнувањето голови и стабилизирањето на нашето претставување на теренот. Езе мораше да игра како лев бек, го видовме Конор Галагер кој беше подготвен да се жртвува напред, Езри Конса… Бев свесен дека Ајван Тони не беше воодушевен што е резерва. Кога го пуштив, му реков дека ова може да биде неговиот момент. Тоа е духот што го покажавме, што ни помогна да го надминеме предизвикот. Јасно е дека во првото полувреме вложивме многу борба, но тие нѐ притискаа, движејќи ја топката бавно, а беа многу компактни во средината на теренот. На почетокот на второто полувреме постигнавме убав гол, но тој не беше признаен. За млад тим како нашиот, покажавме трпение и да не брзаме во одлуките и потезите“, изјави Саутгејт по натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови