
Фудбалерите на Англија се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство, откако денеска во Гелзенкирхен по пресврт и продолженија ја совладаа Словачка со 2-1.
Стрелец на водечкиот гол за Словаците беше Шранц во 25. минута, оваа селекција беше на неколку секунди до сензација, но Белингем во петтата минута од судиското надополнување погоди за 1-1. Потоа Кејн на самиот почеток на продолженијата се погрижи за пресврт и водство од 2-1.
Капитенот на Англија, Хари Кејн, веднаш по натпреварот имаше големи зборови за Џуд Белингам.
„Џуд Белингам е најдобриот во историјата на нашата земја. Каков играч е тој. Тој работи толку напорно. Тој е таму кога е важно. Тоа е она што го направи и денес”, изјави Кејн.
„Во ова натпреварување треба да најдете начин да победите. Овој тим знае како да “копа длабоко”. Можевме да играме подобро. Но на крајот на денот, резултатот е најважен. Се надевам дека ќе продолжиме вака“, заклучи Кејн.
Англија в сабота во Диселдорф ќе се бори за пласман во полуфиналето против Швајцарија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
