Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат во Барселона следната сезона. Тие имаа голема желба да останат, меѓутоа клубот потврди дека ќе следи разделба. Заминува и Маркос Алонсо на кого му истече договорот.
„Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат во клубот. Договорот на шпанскиот дефанзивец истекува на 30 јуни, а двајцата Португалци кои играа на позајмица ќе се вратат во нивните клубови. Барселона сака да им се заблагодари за посветеноста и верноста и да им посака успех во иднина“, соопшти Барселона.
Новиот тренер Ханси Флик допрва ќе се обиде да доведе некое засилување, но, сепак, многу работи ќе завист и од финансиската состојба на каталонскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













