Connect with us

Прекинот во Дортмунд го побарал селекторот на Данска, поради удар на гром во 2009 негов играч остана без нога

Натпреварот од осминафиналето на ЕВРО 2024 меѓу Германија и Данска (2-0) во Дортмунд беше прекинат во 35. минута поради невреме. Англискиот судија Мајкл Оливер ја донесе оваа одлука поради грмотевици во Дортмунд. Небото над стадионот беше прободено од громови, а наскоро почна да паѓа град со големина на тениско топче.


Подоцна беше откриено дека прекинот го побарал данскиот селектор Каспер Хјулманд, а се дозна и зошто.

Пред 15 години Хјулманд беше помошен тренер на Нордсјеланд. Клубот од истоимениот град играше против Хвидовре, а за време на натпреварот започна невреме. Играчот на Нордсјеланд, Џонатан Рихтер, беше погоден од гром. Негово срце застана, по што лекарите едвај го оживеаја. Тој остана во индуцирана кома 10 дена. Меѓутоа, лекарите мораа да му ја ампутираат левата нога под коленото за да преживее.

„Не знаевме дали ќе преживее или ќе умре, никој од нас не знаеше како да реагира. Не знаевме дали ќе славиме голови во следните натпревари, дали ќе се смееме или ќе плачеме“, раскажуваше Хјулманд.


Рихтер денес има 39 години и е во управата на данскиот нисколигаш Гресродерне.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови