Германија ја победи Данска со 2-0 во осминафиналето на Европското првенство, а големи контроверзи предизвикаа одлуките на англискиот судија Мајкл Оливер. Особено одлуката во 53. минута кога досуди пенал од кој Германија го постигна првиот гол.
Центаршутот на Давид Раум го погоди Јоаким Андерсен во прстите. Судијата на теренот дозволи играта да продолжи, но по интервенција на ВАР ја прегледа ситуацијата и досуди пенал од кој Кај Хаверц ја донесе Германија во водство.
Оваа судиска одлука предизвика огорченост кај Данците. Андерсен категорично тврди дека не направил пенал бидејќи топката го погодила во прстите од непосредна близина и наведува дека фудбалот не може да се игра со трчање со рацете зад грб, но одлуката беше донесена, и тоа најлоша по Данска.
УЕФА по натпреварот ја објасни ситуацијата.
„За време на натпреварот меѓу Германија и Данска, технологијата што се наоѓа внатре во официјалната топка на ЕВРО 2024 покажа дека данскиот дефанзивец Јоаким Андерсен ја допрел топката со рака во шеснаесетникот. Во тој момент сензорот во топката точно го забележа допирот на раката на играчот со површината на топката.
‘Отчукувањето на срцето’ на топката во тој момент, покажано во телевизискиот пренос, е истото што судијата го виде за време на проверката на теренот и покажува дека моментот на контактот на топката и раката траел точно 500. дел од секундата.”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













