Connect with us

Германците по многу мака, прекини и ВАР одлуки, се пласираа во четвртфиналето (ВИДЕО)

Домашната селекција на Германија стана вториот четвртфиналист на Европското првенство откако вечерва во Дортмунд ја совлада Данска со 2-0. Головите за тимот на Џулијан Нагелсман ги постигнаа Каи Хаверц од пенал во 53. минута и Џамал Мусијала во 68. минута, обезбедувајќи место меѓу осумте најдобри репрезентации на турнирот.

Натпреварот во Дортмунд беше неверојатен, а во 35. минута судијата Мајкл Оливер мораше и привремено да го прекине и да ги испрати фудбалерите во соблекувалните поради грмотевици над стадионот „Сигнал Идуна Парк“.

Во 53.минута беше досуден пенал по интервенција на ВАР поради игра со рака на Јоаким Андерсен во шеснаесетникот, а успешен пеналџија беше Каи Хаверц.

Само една минута претходно, Андерсен постигна гол за Данска, кој не беше признат од ВАР поради офсајд позиција.

На почетокот на мечот, Нико Шлотербек погоди во четвртата минута, но ВАР не го призна голот поради прекршок во напад.

Во 68. минута, Џамал Мусијала постигна втор гол за Германија, решавајќи го победникот на неверојатниот натпревар во Дортмунд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови