Суперкомпјутерот на статистичката платформа „Опта“ ги пресмета фаворитите за пласман во четвртфиналето како и освојувачот на ЕП. До крајот на ЕВРО 2024 во Германија остануваат уште 14 натпревари, а првите од осумте натпревари во осминафиналето се на програмата утре, Швајцарија – Италија и Германија – Данска.
Суперкомпјутерот работи на статистички модел кој процентите за победа на некоја екипа ги пресметува врз основа на коефициентите од обложувалниците и Opta Power Rankings, кој се заснова на историски критериуми и неодамнешни резултати на екипите.
Компјутерот илјадници пати прави симулација на натпреварите. По анализата, се доаѓа до конечната прогноза.
Прогноза на суперкомпјутерот за осминафиналето на ЕП
Шпанија – Грузија | 82.12% – 17.87%
Англија – Словачка | 81.63% – 18.37%
Португалија – Словенија | 74.51% – 25.49%
Германија – Данска | 69.48% – 30.52%
Франција – Белгија | 67.91% – 32.09%
Холандија – Романија | 67.79% – 32.21%
Австрија – Турција | 57.65% – 42.35%
Италија – Швајцарија | 56.96% – 43.04%
Интересно, па дури и сензационално е дека суперкомпјутерот најмногу шанси (38.1%) за пласман во финалето ѝ дава на Англија, најголемото разочарување од сите кои се пробија во нокаут-фазата. Според прогнозите, нејзин противник во финалето ќе биде Шпанија.
Репрезентацијата која доби најмногу пофалби на ЕП има 27.14% шанси да дојде до натпреварот за титулата. Сепак, суперкомпјутерот предвидува дека таму ќе победи Англија. Од сите преостанати на ЕП, таа има најголеми шанси (19.98%) да ја освои титулата, додека Шпанија е зад неа со 17.17%.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski