Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски е нов член на Борац Бања Лука. Договорот е потпишан на една година, а тој е претставен како големо засилување.
„Доаѓам во тим кој минатата сезона ги освои титулата на Босна и Херцеговина и знам дека целта е да го одбраниме трофејот. Им благодарам на управата на клубот за укажаната доверба, а на мене е со моите одбрани да придонесам за постигнување на сите цели“, изјави Шишковски.
„Имам кумски врски со Себастијан Херера, а од него веќе добив информација дека тимот е полн со одлични играчи и уште подобри луѓе надвор од теренот. Тоа е клучот за добри резултати“, потенцираше голманот за официјалниот сајт на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













