Connect with us

Првиот човек на Шкупи на средба со министерот Борко Ристовски: Многу сум задоволен, ќе продолжиме да инвестираме

Првиот човек на Шкупи, Олгун Ајдин, кој пред одреден период најави дека ќе се повлече од клубот доколку не бидат обезбеди услови за напредок во македонскиот фудбал, имаше средба со новиот министер за спорт, Борко Ристовски.

На оваа работна средба биле отворени прашањата за фудбалот во Македонија, фудбалската инфраструктура и напредокот во целина, а Олгун Ајдин истакна дека бил задоволен од одговорите и визијата.

„Многу сум задоволен од оваа средба, сигурен сум дека почитуваниот министер ќе даде голем придонес за фудбалот и спортот во Македонија. Ќе продолжиме да работиме со сите сили за голем Шкупи. Отсега ќе го продолжиме нашиот пат како најголем клуб со многу поголеми инвестиции во Шкупи“, истакна првиот човек на Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови