Инцидентот во фан-зоната во Штутгарт за време на натпреварот од Европското првенство во фудбал меѓу Чешка и Турција доведе до апсење на 25-годишен маж. Според ДПА, тројца луѓе беа повредени при убод со нож во средата вечерта, додека го гледаа натпреварот на голем екран.
Осомничениот е обвинет за обид за убиство, соопштија од обвинителството.
BREAKING 🚨 🚨 🚨
— Isolated Incidents (@diversity999x) June 26, 2024
Knife attack and subsequent mass panic at the screening of the #Czechia vs #Turkey match in #Stuttgart.#EURO2024pic.twitter.com/vvisZUWHZx
Меѓу повредените се 19-годишен Германец и двајца турски државјани на возраст од 38 и 60 години, кои се скарале во фан-зоната на плоштадот Шлосплац во југозападниот германски град. 38-годишниот маж, кој првично беше примен во болница со тешки повреди, сега е надвор од животна опасност.
Турција ја победи Чешка со 2-1 и се квалификуваше за фазата на елиминации на ЕВРО 2024, при што овој натпревар исто така го собори рекордот за број на картони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













