Македонскиот прволигаш Воска Спорт го распушти буквално целиот кадар од минатата сезона. Фудбалерите кои заминаа се жалат и дека не добиле дел од одработените плати, а раководството на Воска врти нов лист и во новиот шампионат најави дека ќе настапува со комплетно изменет тим и со нов тренер.
На местото на Срѓан Захариевски, кој успеа да обезбеди опстанок и го одведе тимот до финалето на Купот, на клупата ќе седи неговиот асистент Сеит Крека.
Од тимот си заминаа речиси сите кои нешто значеа и беа носители на играта минатата сезона, а на 27 јуни, кога ќе стартуваат подготовките ќе видиме со каков ростер ќе располага Воска Спорт за наредниот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













