
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го чека тринеделна пауза откако итно мора да биде подложен на операцијата која постојано ја одложуваше изминатиов период.
Адеми веќе подолг период има проблеми со стомачниот ѕид. Преземајќи личен ризик се одлучи да игра под инјекции, но како проблемите дополнително се влошуваа сега мораше да ги послуша советите на лекарскиот тим на Динамо Загреб и ќе оди на оперативен зафат во Минхен.
„Болките беа се поголеми и поради нив не можеше и да го даде максимумот на терен. Во договор со Адеми одлучивме да ги решиме тие проблеми и ќе мора да оди на хируршка интервенција во Минхен по која опорувањето трае околу три недели. Што значи ќе го немаме за двата натпревари против Бенфика во Лигата на Европа“ – изјави лекарот на Динамо Загреб, Ивица Смодек.
А, Адеми ќе го нема и за стартот на квалификациите за ЕП 2020 на македонската репрезентација. Сосема е извесно дека нема да може да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски за дуелите овој месец против Летонија и против Словенија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Важен триумф за Валенсија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Расмус Хојлунд

Женски фудбал
Фудбалерките до 16 години на развоен турнир во Албанија

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер
