Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски конечно добива вистинска шанса во дресот на хрватскиот прволигаш Ријека.
Два едноподруго натпревари Велковски добива минутажа за хрватскиот тим, на вчерашниот дуел благодарение и на повредата на Пунчец одигрувајќи 80 минути во триумфот од 2-0 против Истра.
„Секако задоволен сум што веќе се повеќе ја добивам довербата на стручниот штаб. Подготвен сум максимално, верувам во своите квалитети и затоа сум среќен и што сега некако доаѓа темпирање на формата и пред стартот на квалификациите со репрезентацијата за пласман на Европското првенство 2020“ – вели Велковски чиј играчки ритам е повеќе од добредојден и за селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски посебно по проблемите со повреди на неколку стандардни дефанзивци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Линекер: Хари Кејн е подобар играч од мене
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













