
Македонскиот првак Струга ТЛ ги дозна петте можни ривали во пресрет на утрешниот ждреб за првото квалификациско коло во ЛШ.
Потенцијални ривали на Струга ТЛ се Слован Братислава (Словачка), Линколн (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово) и Борац (БиХ).
Шкендија и Тиквеш, македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига, исто така ги дознаа можните ривали.
Шкендија е носител, но, сепак, има сериозни клубови како можни ривали. Тоа се Вележ (БиХ), Торпедо Кутаиси (Грузија), Малишева (Косово), Ноах (Ерменија) и Ислох Минск (Белорусија).
Тиквеш утре ќе добие ривал од следните пет екипи: Брејдаблик (Исланд), Дуделанж (Дуделанж), Тре Пене (Сан Марино), Сент Џозеф (Гибралтар) и Крусадерс (С.Ирска).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
