Италијанскиот калчологаш Милан го назначи португалскиот тренер Пауло Фонсека (51) за нов тренер со тригодишен договор, заменувајќи го Стефано Пиоли (58), објави клубот во четвртокот.
Пиоли го напушти Милан откако 19-кратните шампиони на Италија завршија на второто место минатата сезона, со 19 бодови зад шампионите Интер, и по неуспешни настапи во Лигата на шампионите и домашниот куп.
Фонсека последно го водеше францускиот Лил, а исто така беше тренер на Рома од 2019 до 2021 година.
„Милан може да потврди дека Пауло Фонсека е назначен за нов тренер на сениорскиот тим”, објави клубот.
Фонсека, кој беше дефанзивец за време на својата играчка кариера со португалските Бареиренсе и Естрела Амадора, ја започна својата тренерска кариера со младинскиот тим на Естрела Амадора во 2005 година, пред да го преземе Порто во 2013 година, проследено со престои во Брага и украинскиот Шахтар Доњецк.
Тој го освои португалскиот Суперкуп со Порто во 2013 година, Купот на Португалија со Брага во 2015/16, како и украинската Премиер лига со Шахтар Доњецк трипати по ред.
„Клубот сака да му посака топло добредојде на Пауло и неговиот тим“, објавија од Милан.
Пиоли, кој ги водеше “росонерите” до првата титула во Серија А по повеќе од една деценија во 2022 година, беше назначен во 2019 година и го напушти клубот минатиот месец.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski