Connect with us

Кандидатите за менаџер на Манчестер Јунајтед останале шокирани од условите што им биле понудени

Само еден ден откако стана јасно дека актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, ќе остане на својата функција и во следната сезона, медиумите во Англија почнаа да откриваат интересни информации за тоа што се случува во клубот од „Олд Трафорд“.

Се сметаше дека Холанѓанецот сигурно ќе ја напушти функцијата на крајот од сезоната, откако „црвените ѓаволи“ завршија на осмото место во Премиер – лигата. Тимот сепак успеа да освои еден трофеј, кревајќи го пехарот од ФА Купот, со победа над градскиот ривал Манчестер Сити во финалето.

Сепак, и покрај признанието, раководството на Манчестер Јунајтед одржа серија разговори со различни кандидати кои се сметаа за потенцијални наследници на Тен Хаг.

Имиња како Томас Тухел, Герет Саутгејт и Маурисио Покетино се сметаа за потенцијални наследници на Холанѓанецот на „Олд Трафорд“. Според информациите на реномираното англиско издание „Тајмс“, двајца од тројцата кандидати биле непријатно изненадени од условите што им се нудат, како што се платата и идните планови.

Според шпекулациите, токму поради серијата одбивања, раководството на Манчестер Јунајтед директно в лице на новиот моќен човек на „Олд Трафорд“ сер Џим Ретклиф дошло до опција да му биде понуден нов договор на Ерик Тен Хаг.

И покрај разочарувањето од преговорите зад него, Тен Хаг сепак се согласи да парафира нов договор со кој ќе остане во клубот во следните три години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови