Португалската ѕвезда Луис Нани е на чекор до трансфер во македонскиот прволигаш Гостивар. Преговорите, како што дознава „Макфудбал“, се наоѓаат во завршна фаза, Нани добил одлична финансиска понуда и се чека последното „да“, пред да пристигне во Македонија и да потпише договор со Гостивар.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Спортинг Лисабон, во моментот е слободен агент, а последен пат играше за Адана Демирспор.
Нани (37) има 122 настапи за фудбалската репрезентација на Португалија и 24 постигнати гола.
Гостивар е во преговори и со Ведран Ќосевски, досегашниот голман на Струга ТЛ, со Дарко Глишиќ и со Константин Чешмеџиев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













