Македонскиот шампион Струга Трим Лум активно го почна јуни, со оглед дека тимот го очекува настап во квалификациите за Лигата на шампионите. По ангажманот на Ќатип Османи за нов шеф на стручниот штаб, на ред е ростерот кој ќе претрпи одредени промени.
Од Струга Трим Лум заминува албанскиот интернационалец Ванѓел Згуро, а раководството на клубот се обидува да доведе неколку нови имиња. Меѓу желбите на стружани се Арби Воша и Хамза Рамани од Шкупи, но и Јапонецот Масааки Такахара, крилниот играч на Гостивар.
Челниците на Струга ТЛ ќе треба да ги договорат условите и со триото кое можеби имаше и најголем удел во одбраната на титулата минатата сезона, капитенот Буњамин Шабани, и офанзивците Бесарт Ибраими и Марјан Радески.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













