
Фудбалската асоцијација на Англија размислува доживотно да му забрани да биде дел од фудбалот на играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, доколку Бразилецот биде прогласен за виновен за обвинувањата дека намерно добил жолти картони на четири натпревари, влијаејќи на пазарот за обложување во корист на другите.
Фудбалерот инсистира дека е невин, но неговата ситуација е многу сериозна.
Во 2021 година, одбранбениот играч на Стратфорд Таун, Кинан Исак, беше казнет на 10 години поради обложување на жолт картон во натпревар од ФА Купот. Три години претходно, Бредли Вуд од Линколн Сити беше казнет со шест години суспензија за два натпревари во кои намерно добиваше жолти картони вршејќи измама со обложување.
Обвинителите на ФА инсистираат на тоа дека прекршоците на Пакета се уште посериозни и затоа ќе бараат доживотна суспензија за 26-годишниот Бразилец.
Според британскиот „Сан“, околу 60 луѓе се обложиле на Пакета кој добива жолти картони на еден од овие натпревари. Нивниот заеднички профит изнесувал 100.000 фунти. Сепак, ФА на Англија сè уште е во процес на собирање податоци за облозите во Бразил.
Иронијата е што првата обложувалница што пријавила сомнителна активност токму на овие облози е „Бетвеј“, кој е спонзор што се појавува на дресовите на Вест Хем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
