Connect with us

Ханси Флик сака да го задржи Жоао Феликс во Барселона

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс доби поддршка од новиот тренер на Барселона, Ханси Флик за да остане меѓу Каталонците, а германскиот стручњак е амбициозен прв да ги искористи максимално неговите можности по заминувањето од Бенфика, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.

Флик се согласува со спортскиот директор на Барселона, Деко, дека Жоао Феликс конечно може да го покаже целиот свој потенцијал следната сезона.

Самиот Жоао Феликс ќе се заложи за враќање во Барселона од Атлетико Мадрид, кој се уште ги има неговите права, одбивајќи ги сите други понуди. Феликс веќе ја одби примамливата понуда од Саудиска Арабија, како и шансата повторно да игра во Бенфика на позајмица.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови