Connect with us

Ла Лига отвори истрага за 20 натпревари од оваа сезона, постојат сомнежи за „местење“?

Лa Лига потврди дека нејзиниот оддел за интегритет отвори истрага за околу 20 натпревари од изминатава сезона. Ќе се проверува спортскиот аспект на учесниците и можноста за малверзации.

Еден од нив е натпреварот меѓу Севилја и Кадиз кој се одигра во 36. коло од шампионатот и заврши со победа на Кадиз.

Други натпревари се Рајо – Гранада, Кадиз – Хетафе, Селта – Атлетик Билбао и Осасуна – Мајорка, но и уште десетина други.

Ла Лига ќе се обиде да ги расчисти сите сомнежи околу овие мечеви за да го зачува интегритетот на натпреварувањето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови