
Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, би можел да го напушти италијанскиот клуб и кариерата да ја продолжи во Премиер – лигата.
Арсенал е клубот на кого очајно му е потребен нов квалитетен напаѓач и ќе се обиде да стигне до потписот на Осимен. Официјалните разговори допрва треба да започнат, но на менаџерот на „топчиите“ Микел Артета му се допаѓаат квалитетите на 25-годишниот фудбалер.
Арсенал води преговори и со словенечкиот интернационалец Бенјамин Шешко од Лајпциг, но секако дека Виктор Осимен е друга класа.
Во оваа сезона Осимен настапи на 32 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 17 голови и забележа четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026, а проценет е на 110 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
