Агим Ибраими е новиот спортски директор на албанскиот прволигаш Тирана. Клубот од главниот град на Албанија му ја довери важната улога на поранешниот фудбалер на Шкендија, Марибор, Домжале или Кукс и Динамо.
„Фудбалскиот клуб Тирана соопштува дека Агим Ибраими е назначен за спортски директор на сино-белиот клуб! Клупските челници постигнаа договор со Ибраими со потпишување на договорот за соработка за долгорочен проект. Извонредното искуство како фудбалер во Словенија, Италија, Албанија и пошироко, го натера клубот да го избере Ибраими и да му ја довери оваа важна улога“, соопштија од КФ Тирана.
Ибраими веднаш ќе започне со работа за формирање на тим по европски терк.
Како фудбалер, Агим Ибраими остави белег со Марибор во Словенија, играше за Калјари во Серија А, за Астана во Казахстан, беше учесник во Лигата на шампионите.
За репрезентацијата на Македонија одигра 39 натпревари и постигна седум гола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski