
Македонскиот првак Струга Трим Лум ги дозна сите ривали во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Стружани ќе го исчекуваат ждребот, а меѓу можните противници се квалитетни тимови како Ференцварош, Карабах, Лудогорец, Слован Братислава, Хелсинки, но има и тимови со кои нашиот шампион би можел да се носи, како Пјуник (Ерменија), Линколн Ред Импс (Гибралтар), Шамрок Роверс (Ирска) Петрокуб (Молдавија), Балкани (Косово).
Еве ги сите ривали со кои би можела да се соочи Струга ТЛ во првото квалификациско коло од ЛШ: Ференцварош (Унгарија), Карабах (Азербејџан), Слован Братислава (Словачка), Лудогорец (Бугарија), Хелсинки (Финска), Флора Талин (Естонија), ФЦСБ (Романија), КИ Клаксвик (Фарски Острови), Шамрок Роверс (Ирска), Линколн Ред Импс (Гибралтар), ТНС (Велс), Пјуник (Ерменија), РФС Рига (Летонија), Петрокуб (Молдавија), Балкани (Косово).
Доколку Струга Трим Лум го помине првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, тогаш најмалку ќе игрта во плејофот од Конференциската лига на УЕФА, каде стигна и минатата сезона и беше елиминирана од Брејдаблик од Исланд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ и Тотенхем во битка за Суперкупот на Европа
