Connect with us

Ристовски од Загреб со поддршка за Вардар: “Сите во Струмица”

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија и дете на Вардар, Стефан Ристовски, се вклучи во кампањата за мобилизација што ја прават “Комити” за инвазија на Струмица на неделниот бараж против Детонит Плачковица за опстанок во Првата лига.

“Сите во Струмица”, вели Стефан Ристовски, во друштво на Бруно Петковиќ и уште неколкумина фудбалери на Динамо Загреб.

Тие вчера ја освоија двојната круна во Хрватска откако ја победија Ријека со 1-3 во реваншот од финалето на Купот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови