
Раководството на Манчестер Јунајтед активно работи на можноста за промена на менаџерската позиција и подготви список од четворица потенцијални кандидати во евентуалната одлука да го замени Ерик тен Хаг, информираат англиските медиуми. Тоа се Киран Меккена, кој импресионираше со својата работа на чело на Ипсвич, Томас Тухел, кој ќе го напушти Баерн Минхен за неколку дена, Маурисио Покетино, кој изненадувачки беше ослободен од Челси и Томас Франк, кој исто така покажува солидни резултати на кормилото на Брентфорд.
Иако конечната одлука за разделба со Тен Хаг се уште не е донесена, некои од шефовите на „Олд Трафорд“ веќе одржаа првични разговори со претставниците на Меккена.
Се очекува судбината на Холанѓанецот да биде решена по финалето на ФА Купот.
И Челси и Брајтон покажуваат сериозен интерес за Киран Меккена, но аналитичарите се уверени дека тренерот повеќе би сакал да се врати на „Олд Трафорд“, каде што беше асистент последователно на Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер и на Мајкл Керик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
