Италијанскиот калчолигаш Аталанта го освои трофејот во Лига Европа, откако во финалето во Даблин го победи Баер Леверкузен со убедливи 3-0. Тоа е прв европски трофеј за Аталанта во историјата, а херојот секако е Адемола Лукман, кој постигна хет – трик и буквално сам ја забри одбраната на германскиот тим.
Баер Леверкузен по 51 натпревар без пораз, можеби на најсуров начин ја почувствува горчината на поразот, во едно големо европско финале. Тимот на Чаби Алонсо, сепак, не успеа да ја продолжи бајката која траеше во текот на целата сезона во Бундес-лигата, а ќе има можност за поправен испит за само три дена – во финалето на Купот на Германија.
Лукман во 12. минута го отвори резултатот, а потоа во 26.минута зголеми на 2-0. Баер Леверкузен се обидуваше да се врати во игра, но без вистински ефект.
Во 75.минута, Адемола Лукман ја заокружи својата фантастична игра со хет – трик и го трасираше патот на Аталанта до првиот европски трофеј во историјата и прв воопшто после 1963 година и куп-пехарот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













