Првпат во финале, и секако дека сакаат да го освојат пехарот во Купот на Македонија. Тиквеш и Воска Спорт имаат иста желба, да испишат историја и да остварат излез во Европа.
“Кога сме веќе во финалето, секако дека сме тука и да го освоиме. Нема да бидеме скромни, сакаме да го освоиме пехарот. Верувам дека моите фудбалери ќе бидат максимално мотивирани и дека ќе ја заокружиме оваа сезона на најдобар можен начин”, изјави Ѓорѓи Мојсов, тренерот на Тиквеш.
Воска Спорт имаше успешна дебитантска сезона во елитата, успеа да обезбеди опстанок, а сега ќе игра и во финалето на Купот.
“Еднаш бев учесник во финале како тренер на Металург и загубивме од Работнички. Се надевам дека сега со Воска Спорт ќе бидеме поуспешни и дека ќе ги оствариме нашите цели”, изјави Срѓан Захариевски.
На прес-конференцијата присуствуваа и капитените на двете екипи, Александар Вареловски и Костадин Захов.
“Тиквеш има голема традиција, а сега првпат ќе играме и во финалето на Купот. Ќе дадеме се од себе, па и повеќе од тоа, за да слави цело Кавадарци”, истакна Вареловски.
Захов има освоено трофеи со Воска, но вели дека ова е нов голем предизвик, да освои прв историски пехар со тимот од Охрид.
“Многу е поинаку, веројатно и многу поголем предизвик. Се надевам дека ќе успееме да стигнеме до пехарот. Блиску сме до пехарот, но треба и да се одигра финалето на најдобар можен начин”, изјави Костадин Захов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski