Connect with us

Шкупи обвинува: Титулите во Македонија се купуваат!

Македонскиот прволигаш Шкупи не обезбеди настап во Европа откако на крајот го освои третото место во првенството на Македонија. Веднаш по завршувањето на последното коло, раководството на Шкупи објави соопштение во кое наведува дека титулите во Македонија се купуваат.

„Чекавме натпреварите да завршат за да зборуваме за многу работи.


Најпрво, им даваме аплауз на играчите и стручниот штаб на Струга ТЛ затоа што никој не може да ги игнорира нивните напори, меѓутоа не аплаудираме на Струга како клуб и никогаш нема да го направиме тоа.

За жал во оваа земја трофеите не се освојуваат, туку се купуваат. Ќе го покажеме ова на цела Македонија на состанок. Претседателот на ФФМ нема што да му даде на фудбалот, само го оштетува. Ако темата е фудбалот во државата, тогаш мора да се ослободиме од актуелниот претседател на ФФМ. Се крие зад политика, го користи името преку политика, а некогаш ја штити политиката за нејзини интереси, а не фудбалот. Тој е рак на фудбалот.

Ќе споделиме детали со јавноста во следната недела. Никој нема да избега од одговорност ако се крие зад политика и ако игра нечисти игри. Ќе донесеме сериозни одлуки за иднината на Шкупи и ќе ги споделиме причините со јавноста“, велат од Шкупи.

Шкупи заврши на третото место на табелата во ПМФЛ и поради тоа нема да игра во Европа.
Струга ТЛ ќе игра во квалификациите за ЛШ, Шкендија ќе настапи во квалификациите од Конференциската лига, заедно со победникот на Купот, Тиквеш или Воска Спорт“, се вели во соопштението на Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови